Top Sport

Абрамович го „спрема“ Шевченко како замена за Лампард?

Иако се верува дека засега Френк Лампард е сигурен на клупата на Челси, газдата Роман Абрамович веќе имал план за носење на уште еден поранешен играч на клубот, украинскиот селектор Андриј Шевченко како можна замена.

По ветувачкиот старт со 17 меча без пораз во сите натпреварувања, работите тргнаа наопаку во западен Лондон – тимот на Лампард има четири порази во последните шест меча во ЛШ, вклучувајќи тешки порази од Арсенал и Манчестер сити за да се зголеми притисокот на тренерот. Ова доаѓа по трошењето на над 200 милиони фунти за засилувања како Каи Хаверц, Тимо Вернер и Хаким Зијеш, но сега Лампард е фаворит кај обложувалниците како прв тренер од ПЛ кој би ја загубил работата.

Иако првично се споменуваа имиња како Макс Алегри, Томас Тухел, но и Џон Тери, според францускиот „Ле 10 спорт“, Шевченко е првиот избор на Абрамович. Шевченко имаше три разочарувачки сезони на „Стемфорд бриџ“ од 2006 до 2009 со само 22 гола по блескавата кариера со Милан, но одличниот препород на украинсаката репрезентација (со која ќе играме на ЕП) ги покажа неговите квалитети како тренер. Покрај тоа, неговиот 14-годишен син, Кристијан Шевченко е дел од академијата на Челси и тој останува поврзан со клубот.

Scroll to Top