Top Sport

Абрамович уште му е лут на Роџерс – тој никогаш нема да е тренер на Челси

По засрамувачкиот пораз од Манчестер сити, се зголеми притисокот кон менаџерот на Челси, Френк Лампард и англиските медиуми веќе го посочуваат легендарниот поранешен фудбалер како прв фаворит за отказ во Премиер лигата, и нормално шпекулираат за можните наследници.

Меѓу нив, сигурно нема да биде Брендан Роџерс од Челси тврди „Атлетик“, и тоа поради коментар од 2014 година додека беше тренер на Ливерпул, кој Роман Абрамович уште го памети. Роџерс тогаш го коментираше ангажирањето на Виктор Мозес на позајмица и ги „боцна“ Челси.

„Не е лесно кога ќе дојдеш во голем клуб. Доаѓаш од навистина добар тим како Челси, во огромен клуб како Ливерпул, каде што има големи очекувања секој ден. За секој фудбалер кој ќе дојде во голем клуб има огромна разлика во менталитетот“, изјавил тогаш Роџерс.

Роџерс, пак, својата тренерска кариера, иронично ја почна токму во Челси, каде што од 2004 до 2008 година бил тренер во младинските тимови.

Scroll to Top