Top Sport

Адам Лалана потпиша за Брајтон

Брајтон го комплетираше тригодишниот договор со Адам Лалана, откако Англичанецот си замина од Ливерпул на крајот на сезоната како слободен играч.

32-годишниот Лалана се враќа на јужниот брег на Англија, каде што ја започна професионалната кариера со тимот на Саутемптон. Лалана имаше 15 настапи во шампионската сезона на тимот на Јирген Клоп, за да си замине од 196 настапи и 30 гола и 28 асистенции.

„Никој нема сомнежи во квалитеите на Адам и тоа е јасно. Тој играше на највисоко ниво, во клупскиот фудбал и за репрезентацијата и носи огромно искуство со него“, вели тренерот на тимот, Греем Потер.

Тој е вториот фудбалер кој денеска го напушти Ливерпул, откако претходно беше потврден трансферот на Дејан Ловрен во Зенит Санкт Петерсбург.

Scroll to Top