Деновите на Адамa Траоре во Барселона се избројани, тврди шпанскиот спортски весник „Марка“. Тој во јануари дојде на позајмица од Вулверхемптон, но неговата форма не ги воодушеви тренерот Чави и раководството на клубот. Каталонците не се подготвени да платат 30 милиони евра за да го откупат комплетно неговиот договор.
Тренерот Чави преферира да го задржи Осман Дембеле во тимот, додека Траоре многу веројатно ќе мора да си замине.
Барселона успеа да стигне во второто место на табелата во Ла Лига и планот е да го задржи до крајот на шампионатот.