Top Sport

Адебајор го посвои синот на својот брат

Поранешната ѕвезда на Арсенал, Емануел Адебајор го посвои синот на својот покоен брат и го прекрсти во Јуниор Емануел Адебајор

Постариот брат на Адебајор почина во 2013 година година и сега фудбалерот на Того е одговорен за неговиот син, покрај неговата седумгодишна ќерка Кендра.

„Сите кои ме познаваат, го знаеја и мојот брат Петер, кој веќе не е со нас. Ова е неговиот син, а од денеска е и мој прв син. Неговото име е Емануел Адебајор Јуниор“, напиша напаѓачот на турскиот Башакшехир.

Адебајор честопати јавно зборуваше за проблемите со неговото семејство откако стана познат.

Адебајор: Поради фамилијата сакав да самоубијам

Scroll to Top