Top Sport

Адебајор открива како Мурињо го карал Роналдо

Поранешниот напаѓач на Арсенал, Емануел Адебајор се потсети на времето кога играше за Реал Мадрид и моментот кога Жозе Мурињо го „утепал“ Кристијано Роналдо за неговите перформанси во еден меч и покрај тоа што Португалецот постигнал хет-трик.

„Водевме со 3:0 на полувреме, а Мурињо влета во соблекувалната и полуде. Го шутираше фрижидерот, телевизорот, фрлаше со вода! Не утепа сите. Се сеќавам дека еднаш го ’утепа’ Роналдо откако тој постигна хет-трик. Му кажа: ’Сите велат дека ти си најдобриот на светот, а ти играш многу лошо. Покажи ми дека се најдобриот’. Кристијано го сфати тоа бидејќи и тој размислуваше така. Тој можеби ќе постигнеше хет-трик, но и самиот зборуваше за тоа што го утнал“, открива Адебајор во интервју за „Дејли мејл“.

35-годишниот ветеран, кој сега игра за турскиот Башакшехир (со кој може да ја освои титулата), имаше само пофални зборови за ЦР7.

„Со нас во Реал тренираше како ние да сме деца. Додавања со грб, контрола со вратот. Еднаш ја држеше топката пет секунди со еден обид. Уште не ми е јасно како беше возможно тоа. Во теретаната, Серхио Рамос и јас бевме најсилни, но тогаш дојде Роналдо… Ние ќе направевме пет рутини, тој ќе направеше 30“, додава Адебајор.

Scroll to Top