Славниот Тогоанец Емануел Адебајор во кариерата играл за многу тимови, меѓудругите и за великаните какви што се Реал Мадрид, Арсенал, Тотенхем.
Во периодот кога играше за лондоснките тимови Арсенал и Тотенхем Адебајор заработуваше неделно и по 200.000 евра, а се нашол во големи проблеми кога неговата фамилија се обидела да манипулира со него поради парите.
Adebayor Reveals How His Family Almost Drove Him to Suicide https://t.co/DGjfGv4mST
— 24Hours Naija News (@24HrsNaijaNews) November 17, 2017
„Неколку пати сакав да си го одземам животот. Тоа се случува со години. Ми се гади што се стигна до оваа точка. Сепак полесно мие кога зборувам за ова“, рекол Адебајор и продолжил.
„Многу е тешко да решите некои работи кога се обидувате да ја извадите фамилијата од сиромаштијата, а тие и понатаму одат против тебе. Секогаш на моите браќа им говорев дека нашата фамилија само сакаше да не искористи“.
Поради таквата ситуација напаѓачот на турскиот клуб Башакшехир мора да игнорира некои членови на фамилијата.