Top Sport

Адебајор: Росицки ќе кажеше „како си“ и ќе се повредеше!

Поранешниот напаѓач на Арсенал, Емануел Адебајор вели дека работел со „деца“ додека бил во тимот од северен Лондон, додавајќи дека на Томаш Росицки било доволно да му се каже „како си“ и ќе се повредеше.

Тогоанецот дојде во Арасенал од Монако во јануари 2006 година и помина три и пол години во тимот, пред да направи контроверзен трансфер во Манчестер сити. Од Арсенал си замина без трофеи и вели дека главната причина за тоа е што Арсен Венгер премногу внимание обрнувал на плејмејкерите.

Според Адебајор, кој игра во Башакшехир во Турција, вели дека чешкиот ас Томаш Росицки, кој цела кариера се мачи со повредите, е вистински пример за ситуацијата.

„Јас бев најсилниот играч на теренот и покрај тоа што имав 73 килограми. Челси го имаа Есиен и Балак во средината, ние го имавме Росицки. Ако му кажевте ‘како си’, тој ќе беше повреден и ќе паузираше два и пол месеци“, изјави 33-годишниот Адебајор во интервју за францускиот „Со фут“.

Тој додава дека Росицки не бил единствениот проблем во тимот на Венгер.

„На малите натпревари, талентот може да направи разлика, но не можете да победите со деца на ‘Олд Трафорд’“, додава Адебајор, кој постигна 62 гола во 142 настапи за Арсенал.

Scroll to Top