Top Sport

Адидас ги престави новите дресови на Јувентус (Фото)

Компанијата „Адидас“ ја престави опремата со која старо-новиот италијански шампион Јувентус ќе настапува во наредената натпреварувачка сезона.

Јувентус ќе ги промовира новите дресови викендов, кога на домашен терен, во последното коло во Серија А ќе ја пречека Верона.

Претходно „Адидас“ објави фотографии од новите дресови. Разликата со дресовите што играчите на Јувентус ги носеа оваа сезона е во бројот на пругите, на новите дресови има една помалку.

Scroll to Top