Top Sport

„Адидас“ очекува многу пари од Мундијалот

„Адидас“ очекува значително зголемување на продажбата на дресови во текот на Светското првенство во Русија, потпомогнато со спонзорството на три топ тима, објави Каспер Рорштед, извршниот директор на германскиот гигант.

„Во фудбалот има јасно лидери во пазарот и ние спонзорираме 11 тима на СП. Очекуваме многу повеќе продадени фудбалски дресови, а се надевам дека нашите тимови ќе стигнат далеку. Ги имаме трите фаворити – Германија, Шпанија и Аргентина“, вели Рорштед во интервју со весникот „Рајнише пост“.

„Адидас “ исто така е официјален спонзор на Светското првенство, иако на минатото СП во Бразил во 2014, „Најк“ првпат имаше повеќе тимови од „Адидас“, вклучувајќи ги домаќините. „Адидас“ направи огромен кам-бек оттогаш, преземајќи го првото место од „Најк“ на пазарот во САД.

Најдобрите тимови на „Најк“ се Франција и Бразил, додека „Пума“ има само две репрезентации на турнирот – Уругвај и Швајцарија, за разлика од петте во 2014. Рорштед вели дека не се фокусираат на „Најк“.

„Ова не е тениски меч со два играчи, кои можат да победат. Ние сме фокусирани на својот бизнис и секогаш гледаме да одиме напред. Нема смисла да објавуваме дека главната цел е да се победи ’Најк’“, додава Рорштед.

Scroll to Top