Top Sport

Адил Рами кон младите фудбалери: Не сте толку згодни, ве сакаат поради парите

Поранешниот француски дефанзивец, Адил Рами ги предупреди младите фудбалери дека парите и славата ги прават лесни мети надвор од фудбалските терени, бидејќи иако е убаво да го имате вниманието на убавите жени, морате да внимавате да не станете жртва.

Рами, кој беше дел од француската репрезентација која во 2018 стана светски шампион, во интервју со весникот „Ле паризиен“ зборуваше за животот како славен фудбалер.

„Да не ги имав луѓето околу мене, ќе бев готов. На одмори, наидував на толку многу лесни девојки и момци околу нив со џебови полни дрога. Да бев ментално слаб, досега ќе бев мртов. Младите фудбалери со многу пари се лесна мета. Има многу девојки кои се заинтересирани само поради парите или славата и тоа не е лесно. Ова е за младите фудбалери. Верувајте, не сте толку згодни за веднаш да ве сакаат. Тоа го прават поради парите“, вели Рами, кој во моментов игра во португалскиот клуб, Боависта.

34-годишниот Рами претходно имаше бурна врска со канадскиот супермодел Памела Андерсон, која заврши минатата година кога Андерсон го обвини дека ја мамел со други жени и дека ја малтретирал физички. Рами го демантираше ова.

Scroll to Top