Легендата на Интер, и фудбалер кому животниот стил му ја уништи блескавата кариера, Адријано мораше преку социјалните мрежи да демантира дека е убиен за време на карневалските славја во Рио де Жанеиро.
Во петокот, дел од бразилските медиуми тврдеа дека 38-годишниот Адријано е убиен во својот роден град Рио по што тој со кратка порака на Инстаграм ги демантираше гласините: „Жив сум и дома сум“.