Легендарниот, но и проблематичен бразилски напаѓач, Адријано по тригодишна пауза се враќа на фудбалот, откако Фламенго реши да му даде уште една шанса.
35-годишниот Адријано за тимот од Рио де Жанеиро одигра 77 натпревари и постигна 31 гол, а во својата кариера играше и за Парма, Интер, Фиорентина, Сао Пауло и Атлетико Паранаенсе, но проблематичниот личен живот и страста кон забранетите суптанции го натераа да се повлече од фудбалот.
Минатата година, бразилските медиуми објавија дека популарниот „Император“, живее во фавела во Рио де Жанеиро со дел од злогласните банди, од која една со име „Црвена команда“ му нуди заштита за одредена сума.