Ариц Адурц, легендарниот напаѓач на Атлетик Билабо, синоќа успеа да направи нешто што досега им успеало само на двајца играчи, Лионел Меси и Серхио Рамос.
37-годишниот напаѓач, го постигна единствениот гол на натпреварот против Џирона. Адуриц погоди од пенал во 92.минута.
Ова е 14.сезона во која Адурц постигнува гол, што досега им успеало само на Меси и Рамос. Адуриц во кариерата има настапувано и за Бургос, Ваљадолид, Мајорка и Валенсија.
Атлетик, на дебито на новиот тренер Асиер Гаритано, ја забележа втората победа во првенството.