Top Sport

Адурис ќе се пензионира во Билабо

Напаѓачот на Атлетик Билбао, Ариц Адурис, го продолжи договорот со клубот до јуни 2019 година. Шпанскиот репрезентативец во време кога ќе му заврши договорот ќе има речиси 39 години.

Адурис во Билбао дојде во 2012 година, што е негов трет мандат на „Сан Мамес“. Во кариерата за Атлетик има одиграно 337 натпревари и постигнато 154 гола.

Според шпанските медиуми, во новиот договор откупната клаузула на Адурис изнесува 40 милиони евра.

Адурс во кариерата како играч на Бургос, Ваљадолид, Мајорка и Валенсија има одиграно 704 натпревари, на кои постигнал 265 гола.

За Шпанија одиграл 13 натпревари и постигнал два гола.

Scroll to Top