Дик Адвокат ќе си замине од селекторската позиција на Холандија по одигрувањето на двата пријателски меча овој месец, потврди тренерот.
70-годишниот Адвокат седна на „жешкото“ столче на местото на Дани Блинд, но во третиот селекторски стаж не успеа да им донесе на Холанѓаните место на Светското првенство во Русија.
„Ова се моите последни два меча, потоа сопирам. Да завршат овие два натпревари, па ќе видиме што ќе дојде пред мене. Го правам истото како Луис ван Гал – никогаш не велам никогаш“, изјави Адвокат по пристигнувањето во Абердин за пријателскиот меч против Шкотска.
Холандија, која беше финалист на СП во Јужна Африка во 2010 и третопласирана во Бразил во 2014, играат со Романија во Букурешт во вторник.