Адвокатот на Диего Марадона, Матијас Морла ги предупреди тројцата вработени во погребалниот дом кои правеа селфи со телото на починатата фудбалска легенда ќе „платат скапо“ за тој бизарен чин.
Еден од тие кои објавија фотографии со мртвото тело на Марадона, Диего Молина веќе добил отказ од своето работно место, а Морла вели дека наскоро ќе се пронајдат и другите и ќе бидат казнети. Инцидентот се случил кога тие се подготвувале за трансферот на телото до претседетелската палата Каса Росада во Буенос Аирес, каде што илјадници луѓе му оддадоа последна почит на Марадона.
„Тие се виновни за неприроден акт и ќе платат скапо за тоа што го направија“, напиша Морла на социјалните мрежи.
Diego Molina es el canalla que se sacó una foto junto al féretro de Diego Maradona. Por la memoria de mí amigo no voy a descansar hasta que pague por semejante aberración. pic.twitter.com/UtUk8tQHlw
— MATIAS MORLA (@MatiasMorlaAb) November 26, 2020
Се фотографирал со мртвиот Марадона, бараат да му се одземе државјанството!