Маркос Мота, адвокатот на бразилскиот фудбалер Нејмар, тврди дека во договорот на фудбалерот со ПСЖ не постои откупна клаузула, иако медиумите шпекулираа дека клаузулата постои и изнесува повеќе стотици милиони евра.
Бразилецот летово од Барселона премина во ПСЖ за рекорден трансфер од 222 милиони евра. Трансакцијата беше интересна бидејќи Нејмар сам ја плати откупната калузула, а потоа потпиша договор со ПСЖ до јуни 2022 година.
Сепак работите за Бразилецот во Париз се далеку од идеални. Најпрвин го навлече бесот на соиграчот Кавани, потоа неколкумина од тимот изразија незадоволство од неговото однесување, а пред неколку дена откако не му дозволи на Квани да изведе пенал доживеа да му свирка целиот стадион.
Поради тоа започнаа шпекулациите дека тој бргу ќе замине од Париз, а како сериозна опција се споменува мадридски Реал, чии претседател Флорентино Перез во наредниот преоден рок ќе прави реконструкција во тимот, а како негов предводник го гледа Нејмар.
Шпекулациите се дека Реал ќе понуди 400 милиони евра за Бразилецот, а конкурент ќе му биде Манчестер јунајтед. Тимот од „Олд Трафорд3 подготвувал побогата понуда од онаа на Реал, англиските медиуми тврдат дека се работи сума од 500 милиони евра.
„Ви гарантирам дека откупна клаузула во неговиот договор не постои. Нема ниту клаузули за дополнителна сума на пари доколку тој биде најдобар стрелец во првенството. Таткото на Нејмар, во јули минатата година, ми испрати порака и ме замоли да отпатувам во САД и да го завршам трансферот“, рекол Мота.
Адвокатот нагласил дека иако договорот со ПСЖ беше потпишан во авгист 2017 година, истиот бил подготвен еден месец претходно.
Que Deus nos abençoe e nos proteja ??⚽️
God bless and protect us ??⚽️ pic.twitter.com/a1mT4SwNT0— Neymar Jr (@neymarjr) January 17, 2018