Top Sport

Агентката на Халанд веќе размислува за следниот трансфер

Рафаела Пимента, агентката на ѕвездата на Манчестер сити, Ерлинг Халанд открива дека веќе има планови за следниот трансфер, иако Норвежанецот нема одиграно цела сеона со англискиот шампион.

Сити го купија Халанд за 51 милиони фунти од Борусија Дортмунд минатото лето и тој има договор со клубот до 2027 година. Халанд одговори со 33 гола во исто толку настапи за тимот на Пеп Гвардиола, но и самиот неодамна призна дека нема да остане долго во Англија. Со тоа се согласува и Пимента, наследничката на фудбалската империја на нејзиниот поранешен партнер, Мино Рајола.

„Во мојата агенција се обидуваме секогаш да имаме план. Мора да имаме план, цел, која на крајот можеби нема да се оствари, но не го знаеме тоа. Барм сме се обиделе. Дури и да имате 15 години, мора да има план. Не можеме да чекаме, можеби ќе ми се јават за Халан бидејќи е фантастичен и секогаш го очекувам тој повик. Дента кога ќе заврши преодниот рок почнувам да ги посетувам клубовите за да разговараме за фудбалери, за да знаеме за иднината. Сега можеби е март, но веќе бевме кај некои клубови по четири пати. Ерлинг отиде во Сити поради неговиот татко и историјата со тој клуб. Можете да го видите во дрес на Сити како бебе. Тоа беше нормален процес“, објаснува Пимента.

Scroll to Top