Иако Хакан Чалханоглу офиицјално преговара со Милан за продолжување на договорот, според весникот „Кориере дела сера“, неговиот агент во исто време го нуди на Манчестер јунајтед и на други топ-клубови од Европа.
„Ѓаволите“ одамна се заинтересирани за турскиот репрезентативец кој е стабилен првотимец кај „росонерите“, а бидејќи неговиот договор завршува на крајот на сезоната 2020/21, тој веќе во јануари има право да преговара со други клубови.
Чалханоглу има договор со 2.5 милиони евра годишна плата, додека неговиот агент бара дури 6 милиони евра по сезона. Се верува дека Милан имаат шанси да го убедат да остане, бидејќи Чалханоглу уживал во животот во Милано. 26-годишниот Турчин има четири гола и четири асистенции во 10 меча за Милан оваа сезона.