Top Sport

Агентот на Дембеле „фатен“ како прима повик од ПСЖ

„Сагата“ околу иднината на Усман Дембеле доби нов пресврт денеска, откако неговиот агент беше „фатен“ како добива важен повик од спортскиот директор на Пари Сен-Жермен, Леонардо.

Договорот на Французинот со Барселона завршува на крајот на сезоната, и од клубот неодамна му порачаа дека ќе мора да го продолжи договорот или „веднаш“ да замине, а дел од шпекулациите велеа дека барањето за продолжување на договорот е само да извлечат повеќе пари од следниот трансфер.

Неговиот агент Муса Сисоко (не фудбалерот), беше забележан на аеродромот во Барселона, како на неговиот телефон добива повик од „Леонардо ПСЖ“, што секако е името на спортскиот директор на францускиот гигант.

24-годишниот Дембеле требаше да биде замена за Нејмар во 2017 година, откако ПСЖ ја платија откупната клаузула за Бразилецот.

 

Scroll to Top