Агентот на Јирген Клоп, Марк Козике ги отфрла шпекулациите на германските медиуми дека Јирген Клоп има намера да си замине од Ливерпул на крајот на сезоната и покрај тоа што има долгогодишен договор, пораи слабата форма на стартот на сезоната.
„Црвените“ во моментов се само деветти во Премиерлигата со дури 4 порази досега оваа сезона, само неколку месеци откако лани се бореа за четири титули.
„Можам да ви гарантирам дека Јирген Клоп не планира да си даде оставка во Ливерпул. Тоа што можеби има проблеми ова сезона поради интензивната измината сезона беше искалкулирано пред стартот на сезоната од сопствениците на клубот. Јирген има целосна поддршка и е во постојан контакт со управата. Го сака клубот, тимот и фановите и е подготвен да се бори за трансформација н Ливерпул. Токму затоа го продолжи договорот до 2026 година“, вели Козике за „Скај спортс Германија“.