Алехандро Камано, агентот на Лаутаро Мартинез тврди дека неговиот клиент верува во проектот на Интер и покрај заминувањето на Ромелу Лукаку, и дека не е подготвен за трансфер во Премиер лигата, каде што Тотенхем и Арсенал се главни кандидати.
Интер се драстично поинаков тим од тој кој лани ја освои титулата, но Мартинез нема да „турка“ за трансфер и е подготвен да се прилагоди на „новата реалност“.
„Тој сака да го освои скудетото повторно со Интер, да игра во Лигата на шампионите и не размислува за заминување од Италија. Ќе направиме се што е можно да остане со ‘нераѕурите’, бидејќи е среќен во Милано, има одлично разбирање со соиграчите и со новиот тренер. Имаше многу понуди, но ниту една не ја сфати сериозно. Веруваме дека уште има живот во Интер. Лаутаро не зборува за пари, туку за фудбал и играње. Парите ги обезбедува агентот“, изјави Камано за италијанските медиуми.