Top Sport

Агентот на Лукаку призна: Интер многу го сакаат, но…

Агентот на Ромелу Лукаку, Федерико Пасторело призна дека Интер прават сѐ што можат да го донесат напаѓачот на Манчестер јунајтед и покрај тоа што сумата која ја бара англискиот премиерлигаш засега е преголема за нив.

Пасторело денеска попладне се сретна со извршните директори на Интер во канцелариите на клубот во Милано, по шпекулациите кои го поврзуваат Лукаку и уште еден негов клиент, Валентино Лазаро со „нераѕурите“. Сепак, прва тема на разговор бил младиот напаѓач Едоардо Верџани и неговиот трансфер во Сасуоло во замена за Стефано Сенси.

„Прво зборувавме за Верџани бидејќи тоа е поитна ситуација, но во следните неколку дена ќе зборуваме и за други фудбалери. Со Лукаку се работи за сон, тежок за остварување, но за мене ништо не е невозможно. Тој јасно ги кажа своите планови и желби, а во Интер го сакаат. Ќе видиме што ќе се случи. Има шанси и Лазаро да го облече дресот на ’нераѕурите’, но засега е тешко да се каже“, изјави Пасторело.

Scroll to Top