Толку е голема финансиската сила на катарските газди на Пари Сен-Жермен, што ако посакаат можат да ги донесат на „Паркот на принцовите“ Кристијано Роналдо и Лионел Меси, тврди агентот на Нејмар, Вагнер Рибеиро.
Ова е посебно интересна изјава по пласманот на ПСЖ во првото финале од Лигата на шампионите, но и по шпекулациите кои во последно време тврдеа дека и Роналдо и Меси размислуваат за заминување од своите тимови.
Роналдо помогна Јуве да стигне до деветтата титула од Серија А во низа, но испаднаа од ЛШ од Лион во осминафиналето, а Барселона по понижувачкиот 8:2 пораз од Баерн се соочува со губење на својот капитен, Лионел Меси.
ПСЖ потроши повеќе од 1.2 милијарди евра на засилувања во последните девет години вклучувајќчи го рекордот за Нејмар од 222 милиони евра, и Рибеиро тврди дека нивната моќ е „бесконечна“.
„Нејмар е среќен и мислам дека ќе остане во Пари Сен-Жермен барем уште две години. Денеска, без сомнеж полесно е да се замисли Меси да отиде во ПСЖ отколку Нејмар да се врати во Барселона. И Меси и Кристијано Роналдо. Сериозен сум. Не можете да се сомневате во економската моќа на Катар“, вели Рибеиро.