Top Sport

Агентот потврди дека Сане преговара со Баерн

Дамир Смољан, агентот на Лирој Сане, открива дека ѕвездата на Манчестер јунајтед преговара со Баерн Минхен, но и со повеќе „врвни клубови“, зголемувајќи ги шпекулациите дека Германецот ќе замине од Премиер лигата.

Сане е поврзуван со трансфер на „Алијанц арената“ подолго од една година, но плановите беа уништени откако тој ги скина лигаментите на коленото. 24-годишниот Германец беше на операција уште во август и оттогаш нема настап за „граѓаните“. Сане има само уште една сезона од договорот со Сити.

„Со него ќе разговараме со Манчестер сити за следните чекори. Интересот на Баерн Минхен не е тајна, но има и други врвни клубови кои ме контактираа за него. Баерн е единствен клуб во Германија кој Лирој може да го замисли како следен чекор во кариерата. Таму ја гледа целта да ја освои Лигата на шампионите“, вели Смиљан во интервју за германскиот весник „Билд“.

Доколку остане во Сити, Сане може да не добие шанса да игра во Лигата на шампионите, откако УЕФА го исфрли клубот од следните две сезони поради прекршување на финансискиот ферплеј.

Scroll to Top