Поранешниот капитен на Ливерпул, Даниел Агер ќе стане тренер на данскиот второлигаш – екипата на Коге, објавија денеска од клубот.
За Агер ова е прв тренерски ангажман, а потпишал тригодише договор.
„Изминатата една година размислував за враќање во фудбалот, во друга улога. Коге е одлично место за почеток, клубот има цврсти темели“ рече Данецот.
Тој ќе остане запаметен како миленик на „црвените“. За Ливерпул настапуваше од 2006 до 2014 година, постигна 14 гола на 232 меча.
Играчката кариера ја заврши во 2016 година, на само 31 година.
Беше капитен и на данската фудбалска репрезентации уште од 2011 година, а за националниот тим има 75 настапи.