Фудбалските репрезентации на Египет и Израел ќе добијат нови селектори. Мексиканецот Хавиер Агире ќе биде нов селектор на Египе, додека предводник на Израел ќе биде Австриецот, Андреас Херцог.
59-годишниот Агире, во кариерата бил тренер во Атланта, Пачука, Осасуна, Атлетико Мадрид, Сарагоса и Еспањол. Тој како селектор ги предводел Мексико и Јапонија. На селекторската позиција во Египет ќе го замени Аргентинецот Егтор Раул Купер, кој доби отказ по Светското првенство во Русија.
Австриецот Херцог, во Израел доаѓа на местото на Елиш Леви. Ова ќе биде голем предизвик за него бидејќи досега работел само во репрезентативниот фудбал. Хрцог бил селектор на младата репрезентација на Австрија и асистент во А-репрезентацијата, а бил и асистент во У-23 селекцијата на САД.