Бристол сити не успеа да направи нова сензација и да си замине дома со предност пред лидерот од Премиер лигата, Манчестер сити во полуфиналето на Лига купот, откако Серхио Агуеро во 92. минута донесе 2:1 победа против тимот од втората лига. Вториот меч се игра во Бристол на 23 јануари.
Бристол, претходно, успеа со гол во финишот на натпреварот да ги елиминира Манчестер јунајтед, а најави шок на „Етихад“, откако почна силовито да напаѓа од почетокот на натпреварот, а во финишот на првото полувреме со гол од пенал на Боби Рејд отиде на одмор со голема предност.
Bristol City fans celebrating their goal pic.twitter.com/zlRePNkeop
— Lewis (@SaneBaller) January 9, 2018
Сити се врати бргу со гол на Кевин де Бројне во 55. минута за да израмни, но кога изгледаше дека Бристол ќе се врати на југот на Англија со голема предност, „џокерот“ на Пеп Гвардиола, најдобриот стрелец на Сити во историјата, Агуеро (кој го замени Јаја Туре) го постигна голот за да им донесе „Сините“ победа.
Во второто полуфинале, утре играат лондонските ривали Арсенал и Челси.