Напаѓачот на Манчестер сити, Серхио Агуеро, поради операцијата на коленото ја заврши сезоната, а како што пишуваат медиумите под голем знак прашалник е и неговиот настап на Светското првенство во Русија.
Медиумите се повикувата на изјавата на лекарот на аргентинската репрезентација хомеро Д’Агостино. Докторот е скептичен во прогнозите дека Агуеро може целосно да се рехабилитира.
„Атроскопија на само 60 дена пред почетокот на Светското првенство. Тоа е она што загрижува. Рехабилитацијата ќе трае најмалку пет недели, бидејќи веќе имаше проблеми со тоа колено. Во вакви ситуации закрепнувањето оди побавно. Мислам дека има малку време за да биде максимално подготвен за Русија“, рекол Д’Агостино.