Серхио Агуеро се врати во тимот на Манчестер сити. Аргентинецот, поради повреда, од почетокот на сезоната има одиграно само пет натпревари.
Агуеро, настапи за Сити, на натпреварот со Марсеј во Лигата на шампините. „Граѓаните“ славеа со 3:0, а едн од головите постигна и Агуеро.
Манчестер сити, во сабота, ќе го игра градското дерби против Манчестер јунајтед. Агуеро дуелот ќе го започне од клупата за резерви.
„Нема да биде во стартниот тим“, рекол менаџерот Пеп Гвардиола, одговарајќи на новинарско прашање.
„Неверојатен е неговиот инстинкт за гол. Имаше само три или четири тренинзи пред овој меч, неговата реакција беше сјајна. Одиме чекор по чекор. Не брзаме. Не сакам повторно да се случи некоја повреда“, рекол Гвардиола.
Дербито на Манчестер, во сабота на „Олд Трафорд“, ќе започне во 18.30 часот.