Ливерпул и Манчестер сити викендов ќе се сретнат во дербито на 12 коло во Премиер лигата. „Црвените“ во дербито ќе влезат со шест бода повеќе од противникот.
Ливерпул и Сити минатата сезона водеа мртва трка за шампионската титула, на крајот први целта ја минаа „граѓаните“. Овие два тима и сезонава го имаат главниот збор во првенството, но евентуалната победа на Ливерпул многу ќе им значи во походот на титулата која на „Енфилд“ ја чекаат три децении.
Во пресрет на дербито напаѓачот на Сити, Серхио Агуеро малку ги провоцира своите ривали.
„Ова е можеби дерби за телевизиите, за нас вистинско дерби е она со Манчестер Јунајтед“, рекол Агуеро за „Франс Фдбал“ и дополнил.
„Ливерпул секогаш ни е жесток ривал, но откако сум ја во Англија секогаш за титулата сме се бореле со Манчестер Јунајтед, потоа се појавија Челси“.
Аргентинецот сепак признава дека Ливерпул им се едниснтвените вистински конкуренти за титулата.
„Со години ја чекаат титулата, мотивирани се. Тие можат да ни ги расипат плановите. Можеби ова ќе биде пресуден меч во борба за титулата“.
Дербито на „Енфилд“ е в недела од 17.30 часот.