Top Sport

Агуеро со „боцка“ за Манчестер сити: Барселона е чекор напред за мојата кариера

Серхио Агуеро беше официјално претставен како фудбалер на Барселона, и на презентацијата не се возддржа да не упати саркастичен коментар кон својот поранешен клуб, Манчестер сити и покрај што таму помина 10 години.

32-годишниот Агуеро потпиша двегодишен договор со Барселона, а по комплетирање на медицинските тестови, беше презентиран на „Ноу Камп“. По ова тој даде необична изјава во која вели дека се приклучува на најголемиот клуб на светот и дека трансферот за него е „чекор напред“.

„Сите знаеме дека Барселона е најдобриот клуб на светот и затоа направив голема одлука да се приклучам на тимот и да се надевам дека ќе можам да помогнам. Секако, ова е голем чекор напред во мојата кариера и се надевам дека ќе освојувам работи. Сакам да играм и да бидам дел од тимот. Малку сум сменет, барем во изгледот од моето пристигнување во Европа со Атлетико Мадрид и научив многу додека играв за Сити, но сега сум целосно поинаков фудбалер“, вели Агуеро.

Барселона го потврди пристигнувањето на Кун Агуеро

Scroll to Top