Top Sport

Агуеро веќе се договорил со Барса, следен е Депај?

Серхио Агуеро веќе се согласил на двегодишен договор со Барселона по крајот на неговиот договор со Манчестер сити следниот месец, и прифатил пониска плата само за да игра покрај неговиот сонародник и добар пријател Лионел Меси, тврди италијанскиот трансфер-експерт, Фабрицио Романо.

Тој додава дека наскоро се очекува и договор со ѕвездата на Лион, Мемфис Депај, кој веќе соопштил на неговите агенти дека Барселона е првата цел. Со тие двајца, Барса добива две одлични засилувања без да потроши пари на трансфер.

32-годишниот Агуеро има 18 настапи и 4 гола за Сити оваа сезона откако паузираше подолго време поради повреди, и во недела против Евертон ќе игра последен пат во Премиер лигата пред финалето на Лигата на шампиони против Челси.

Scroll to Top