Top Sport

Ахмедхоџиќ ги „изигра“ Босанците, тие го обвинија за недостаток на патриотизам

Анел Ахмедхоџиќ, 21-годишниот бек на Малме, за кого Челси се подготвени да дадат 7 милиони евра, е главна тема на медиумите во Босна и Херцеговина, откако поради неразјаснети причини реши да ја одбие понудата на селекторот Душан Бајевиќ за настап за БиХ во Лигата на нации.

Ахмедхоџиќ, кој е роден во Малме, во јуниорските категории играше за Шведска и имаше еден настап за „трите круни“ на пријателски меч со Молдавија на 9 јануари оваа година, пред во август да реши дека ќе настапува за Босна и Херцеговина. ФИФА го одобри трансферот и тој дебитираше за БиХ на 8 октомври на мечот со Северна Ирска.

Фудбалската федерација на БиХ реагираше со соопштение.

„Дел од нашите репрезентативци ќе пристигнат утре, но еден од нив нема да е Анел Ахмедхоџиќ. Не добивме официјална инфорација ниту од него, ниту од неговиот клуб. Ваквото однесување во најмала рака е некоректно и неодговорно, посебно бидејќи во јавноста веќе се појавија овие информации. Во овој случај нема патриотизам кој толку се искажуваше во претходните изјави, како и почитувањето на соиграчите и државата чиј дрес треба да биде светост“, се вели во соопштението на федерацијата.

Scroll to Top