Top Sport

Ајакс е голем клуб, на оригинален начин го испратија Де Јонг

Талентираниот Френки Де Јонг, во јануари го договори трансферот во Барселона, а од вчера тој официјално стана играч на шпанскиот шампион. Барселона за трансферот на Де Јонг на Ајакс им платија 86 милиони евра.

Ајакс од својот фудбалер се прости на неверојатен начин. Клубот од Амстердам закупи по една страница во сите весници во Каталонија и на еден автобус закачиле банер со фотографија на Де Јонг и порака: „Барса уживајте во иднината како што уживавме ние досега. Френки се најдобро!“

Френки Де Јонг во кариерата играл и за Витесе, а за Ајакс настапил на 89 натпревари и постигнал пет гола.

Scroll to Top