Холандскиот гигант Ајакс е подготвен да плати околу 9 милиони евра за напаѓачот на Барселона, Мартин Брајтвајт, кој се чини дека е прекуброен на „Камп Ноу“. Тоа го покажа тренерот Чави кој не го зеде Данецот на турнејата во САД.
Новиот тренер на Ајакс, Алфред Шројдер, добро ги познава квалитетите на данскиот интернационалец бидејќи му беше помошник на Роналд Куман во Барселона.
Доколку и фудбалерот успее да ги договори личните услови, тогаш може многу брзо да се пресели во Амстердам.