Тимот на Ајакс го отпушти целиот тренерски состав предводен од Марсел Кајзер, по лошиот старт на сезоната.
Во тимот на Кајзер беше Хени Спајкерман и поранешниот напаѓач на Арсенал, Денис Бергкамп, но Ајакс со соопштение објави дека тие се „остранети од активна должност“.
Кајзер го презеде тимот од Амстердам во текот на летото, откако Петер Бос реши да потпише договор со Борусија Дортмунд. Бос по фантастичниот старт со БВБ имаше катастрофална низа и минатиот месец доби отказ од Германија.
Извршниот директор на Ајакс, уште една легенда од Премиер лигата, Едвин ван дер Сар, вели дека промените биле потребни.
„Имавме лошо лето и вистинска мешаница на стартот на сезоната. Од спортска гледна позиција, елиминацијата од квалификациите на Лигата на шампиони беше најниското ниво. Марк Овермарс и јас зборувавме за нестабилноста на првиот тим и сега ќе треба да го достигнеме тоа ниво што е можно побргу“, изјави Ван дер Сар.
Ајакс е втор во холандската Ередивизие.