Ајакс со 3:0 го прегази стариот ривал Феенорд во дербито на Ередивизие во Холандија, за да ги помине на второто место на табелата и да се доближи на пет поени зад „совршениот“ лидер ПСВ Ајндховен.
„Тонот“ на дербито беше поставен уште во петтата минута, кога дефанзивецот на Феенорд, Џеремија Сент Џаст по консултација со ВАР системот доби црвен картон за еден груб старт, олеснувајќи им ја работата на домаќините.
„Копјаниците“ дојдоа до водство во 22. минута со автоголот на Бајлоу, пред Хаким Зијеч да го удвои водството пред крајот на полувремето. Конечните 3:0 ги постави Душан Тадиќ на десет минути пред крајот на мечот.
Фото: ЕПА