Top Sport

Ајакс или Тотенхем, кој ќе ги предизвика Ливерпул?

Вечевра фудбалерите на Ливерпул ќе го дознаат името на противникот во финалето, во Лигата на шампионите. Полу-финалниот реванш во Амстердам ќе го одиграат Ајакс И Тотенхем.

Холандскиот тим, во реваншот влегува со предност од еден гол. Дони ван де Бек со својот гол во Лондон, ги донесе Ајакс на чекор до финалето.

Добро расположение владее во редовите на Ајакс, особено по освоената титула во Купот на Холандија. Ова беше прва титула за Ајакс по пауза од пет години.

„Поставиваме неколку цели пред почетокот на сезоната. Моите играчи сакаат се и ги држат картите во свои раце. Време е да ги искористиме сите предности на оваа одлична сезона“, рекол тренерот на Ајакс, Тен Хаг.

Тотенхем, односно менаџерот Маурисио Покетино, во реваншот ќе може да ги користи услугите на Хеон-Мин Сон, но тимот ќе го составува без повредените Кејн, Фертонгем и Вингс.

Сон, во нокаут рундата има постигнато пет гола.

„Никој не веруваше дека ние ќе бидеме во оваа позиција. Сами си ја кроиме судбината, имаме шанса да избориме финале“, рејол аргентинскиот тренер.

Дуелот на арената „Јохан Кројф“ ќе започне во 21 часот.

Scroll to Top