Ајакс ја започна одбраната на холандската титула со тешка 1:0 гостинска победа кај Спарта Ротердам, откако поголемиот дел од мечот го играа со играч помалку.
„Копјаниците“ останаа со играч помалку во 27. минута кога Николас Таљафико доби црвен картон за играње со рака, но само десет минути подоцна Бразилецот Антони ги донесе во водство.
Интересно, мечот го стартуваше и Дејли Блинд иако пред неколку дена колабираше на пријателски натпревар со проблеми со срцето.