Top Sport

Ајакс лути откако Сколс изјави дека Антони сака да премине во „вистински клуб“

Легендата на Манчестер јунајтед, Пол Сколс е обвинет дека покажува крајно непочитување кон еден легендарен фудбалски клуб како Ајакс од Амстердам, откако вчера ја коментираше желбата на Антони да премине на „Олд Трафорд“.

По неуспехот да го донесат Френки де Јонг, Бразилецот Антони стана прва цел на менаџерот Ерик Тен Хаг, и тој упорно „притиска“ за трансфер, откако холандскиот клуб одби понуда од фантастични 90 милиони евра. 22-годишниот Антони одбива да тренира со Ајакс, и неодамна имаше експлозивно интервју во кое го нападна Ајакс. Сколс вели дека му е „жал за момчето“.

„За очекување е да сака да си замине од Ајакс и да дојде во Манчестер јунјтед. Тоа го направи менаџрот и уште неколку фудблери. Парите се луди за сите фудбалери во денешниот фудбал. Тој изгледа дека е талентиран и можеме да коментираме дека се работи за многу пари, но таа е ситуацијата денеска. Малку ми е жал за момчето бидејќи очигледно сака да дојде во Манчестер јунајтед, еден од најголемите клубови на светот. Тој е во добар клуб во Ајакс, не ме сфаќајте погрешно, но тука се работи за вистински клуб, каде што има вистински фудбал и каде ќе го следат низ целиот свет. Ќе видиме што ќе се случи“, изјави Сколс.

Ајакс во својата историја има четири европски титули, една повеќе од Манчестер јунајтед, и оваа сезона играат повторно во Лигата на шампиони.

Scroll to Top