Top Sport

Ајакс најдоа замена за Де Лихт

Холандскиот шампион Ајакс го официјализираше трансферот на Едсон Алварез. Мексиканецот е донесен како замена за Матијас Де Лихт кој во трансфер вреден 85,5 милиони евра се пресели во Јувентус.

Едсон Алварез досега играше во татковината, во Клуб Америка,а според информациите покрај во централниот дел на одбраната може да игра и на позицијата десен бек.

Од Ајакс потврдиле дека Алварез ќе потпише пет годишен договор, а во наредните денови играчот ќе и биде официјално претставен на јавноста.

Scroll to Top