Top Sport

Ајакс навредени од понудата што Јуве ја испратиле за Де Лихт

Не се гледа крајот на трансфер сагата поврзана со играчот на Ајакс, Матијас Де Лихт. Играчот се поврзува со Јувентус, наводно ги договорил личните услови, но првата официјална понуда до клубот од Амстердам од Торино ја испратиле вчера. Понудата не ги задоволила апетитите на водечките луѓе на Ајакс, поради што тие му порачале на Де Лихт да се појави на тренингот закажан за в понеделник, кога клубот ќе ги започне подготовките за новата сезона.

Ајакс, уште пред почетокот на преодниот рок, ја одредија цената за Де Лихт. Таа е идентична со онаа по која клубот во Барселона го продаде Френки Де Јонг, а изнесува 75 милиони евра.

Јувентус, иако ги договориле личните услови на фудбалерот (12 милиони евра годишна плата), на сите можни начини се обидуваат да ја спуштат сумата што треба да ја платат како обесштетување.

Во таа нивна намера им помага контроверзниот менаџер Мино Рајола, кој ќе добие голема провизија доколку Де Лихт на крајот заврши во Јувентус.

Јувентус на Ајакс им понудиле 55 милиони евра плус 10 милиони евра низ разни бонуси. Од Амстердам без размислување ја одбиле понудата, тие бараат фиксни 75 милиони евра.

Сега во целата оваа трансфер сага повторно влегува францускиот првак Пари Сен Жермен. Тие не кријат дека сакаат да ја платат сумата што ја бараат од Ајакс, разликата е таа што тие на Де Лихт му нудат нешто помала годишна плата.

Scroll to Top