Ајакс не планира да „попушти“ под притисокот на Антони, одбивајќи понуда од фантастични 90 милиони евра за бразилскиот напаѓач од Манчестер јунајтед, останувајќи на своето дека тој ќе остане фудбалер на „копјаниците“, тврдат англиските медиуми.
Антони е разочаран од однесувањето на клубот, сметајќи дека сумата од 90 милиони евра е доволна, и планирал веќе да биде фудбалер на „ѓаволите“ овој викенд. Ајакс во исто време преговараат со Челси за Хаким Зијеш, но сакаат само позајмица, а опција останува и Џастин Клајверт од Рома.
Јунајтед сакаат да донесат двајца напаѓачи пред крајот на летниот преоден рок, надевајќи дека еден од нив ќе биде миленикот на новиот менаџер, Ерик Тен Хаг, Антони. Коди Гакпо од ПСВ Ајндховен исто така е опција, како и поранешниот фудбалер на клубот, Мемфис Депај, кому му пропадна трансферот од Барселона во Јувентус.
Антони засега одбива да тренира со Ајакс, и нема да биде дел од тимот кој овој викенд игра со Утрехт. Тој во понеделникот на социјалните мрежи објави фотографија на која со неговиот агент го следат дербито Манчестер јунајтед-Ливерпул.