Најголемото изненадување во Лигата на шампионите, Ајакс дојде до брзо водство на гостувањето кај Тотенхем во првиот меч од полуфиналето, користејќи ја доминацијата која ја покажаа на гостински терен на почетокот на мечот.
Дони ван де Бек во 15-тата минута се најде сам пред Иго Љорис и лесно го совлада, откако успеа да избегне офсајд-стапица за да го круниса подобриот старт на холандскиот клуб.
Legal goal: shoulder of last Tottenham’s defendant keeps on side van de Beek foot pic.twitter.com/RfxsyEjajw
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) April 30, 2019
Ситуацијата мораше да биде проверена од ВАР-системот, но шпанскиот судија Лахоз одлучи дека Ван де Бек не бил во офсајд ситуација.
Dominant start by #Ajax and Donny Van De Beek opens the scoring. Question of potential offside, but it was all too easy for the visitors to slice through the #Tottenham defense.#TOTAJA #TOTAjax #UCL pic.twitter.com/wW1Wgh7dU0
— Joga Bonito (@Jasoninho10) April 30, 2019