Top Sport

Ајакс потроши 15.75 милиони евра на Бразилецот Антони

Ајакс потврдија дека склучиле договор за трансфер на Антони Матеуш дос Сантош, попознат како Антони од Сао Пауло, и бразилската ѕвезда ќе треба да го пополни испразнетото место по заминувањето на Хаким Зијеш во Челси.

Антони, кој е бразилски репрезентативец во У-23 репрезентацијата и покрај тоа што има само 19 години, потпиша петгодишен договор со клубот од Амстердам, за кој „копјаниците“ платија 15.75 милиони евра, но со посебните клаузули, оваа сума може да порасне до 21.75 милиони евра. Ајакс ја победија Борусија Дортмунд за потписот на Бразилецот и директорот за фудбал на клубот, Марк Овермарс беше пресреќен.

„Ќе бидеме трпеливи уште неколку месеци пред тој да пристигне, но веруваме дека добиваме фудбалер со голема креативност, кој може да игра во нападот“, вели Овермарс.

Антони има 5 гола во 9 меча во У-23 репрезентацијата на Бразил.

Scroll to Top