Фудбалерите на Ајнтрахт од Франкфурт го повторија минатогодишниот успех и се пласираа во финалето на германскиот Куп.
Во полуфиналето Ајнтрахт како гостин во Гелзенкирхен, го победи шалке со минимален резултат 1:0.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Лука Јовиќ. Српскиот репрезентативец во 75.минута со брилијантен потег го совлада домашниот голман.
Последните десет минути беа исклучително возбудливи.
Најпрвин Ајнтрахт остана со играч помалку откако Фернандез,за само три минути колку што мина на теренот, во 81.минута доби црвен картон.
Во 94.минута судијата му поништи гол на Шалке поради наводно играње со рака, иако ниту една снимка не покажува дека Ди Санто играл со рака. Во овој случај не беше применет ВАР системот.