Top Sport

Ајнтрахт со скок до третото место, нова мизерија за Штутгарт (видео)

Ајнтрахт Франкфурт стигна до одлична 0:3 победа на гости кај Штутгарт за да се пробие на третото место во Бундеслигата по првиот меч до 10. коло ,користејќи ја „мизеријата“ на домашниот клуб.

Франкфурт дојде во водство уште во 11. минута, преку Халер, а Анте Ребиќ во 32. минута го зголеми водството. Конечните 0:3 ги постигна Милер во 89. минута.

За Франфкурт ова е петта победа оваа сезона по лошиот старт, за да имаат 17 поени, четири помалку од водечката Борусија Дортмунд. Штутгарт пак, е закован на последното место на табелата со 5 поени и веќе седум порази во 10 натпревари.

Фото: ЕПА

Scroll to Top