Top Sport

Ајозе Перез пристигна во Лестер за 30 милиони фунти

Ајозе Перез од денес е нов играч на поранешниот англиски шампион Лестер. Шпанецот на „Конг Пауер“ дојде од Њукасл, а трансферот е вреден 30 милиони фунти.

Ајозе Перез пет години играше во Њукасл, а минатата сезона со 12 гола беше најдобра стрелец на „страчките“. Шпанецот е второто засилување на Лестер во актуелниот преоден рок. Претходно во тимот на Брендан Роџерс, од Лутон, пристигна Џејмс Џастин.

„Ајозе ќе биде одлично засилување за нашиот тим. Тој е играч што ќе ги израдува навивачите. Брз е, знае да постигнува голови и има големо искуство во Премиер лигата“, рекол менаџерот на Лестер, Брендон Роџерс.

Њукасл добро заработија од трансферот на Шпанецот. Во 2014 година тие на Тенерифе им платија 1,5 милиони фунти. За пет години Ајозе Перез постигнал 48 гола на 195 натпревари во дресот на Њукасл.

Scroll to Top